VoiceUp е проект за поттикнување на граѓанскиот ангажман преку креирање аудио, визуелни и аудиовизуелни содржини на социјалните медиуми.
Истовремено, проектот организира настани во неколку градови во Македонија, каде што учесниците ќе можат да ги прошират своите знаења во врска со создавањето на вакви содржини.
Целта на овој проект е да помогне да се подигне нивото на свест кај младите за моќта којашто може да ја имаат социјалните медиуми, како и за потенцијалната општествена ангажираност што може да се добие преку нивно користење. Истите претставуваат важна платформа за отворање и дискутирање важни прашања од јавен интерес, кои во традиционалните медиуми речиси и да не се појавуваат.
Да бидеме информирани, активни и креативни за да живееме во подобро општество!

Photo-contest

КОНКУРС ЗА ПОСТЕР И ФОТОГРАФИЈА

Гладен си за фотографија, имаш апетит за добар постер?
Можете да изберете од нашето вкусно мени или друг слогански специјалитет.

Зготвените фотографии и постери испратете ни ги на info@voiceup.mk најдоцна до 15ти Април.

За фотографиите и постерите кои ќе добијат најмногу лајкови ќе биде организирана изложба во рамките на финалните настани на Voice Up во пет града во Македонија, објавени на најпосетените сајтови и изложени на летните фестивали во Македонија.

Доколку ни зготвите нешто до 8ми повелете на дегустација и стручна консултација со нашите ментори во Јавна Соба на Матерклас >>>
https://www.facebook.com/events/749442298551901/

Bon Appétit 🙂

stani-vojsapdjija

Загубена лозинка

Регистрирај се