Битола

 

Проектот VoiceUp ги започна предвидените еднодневни настани низ Македонија во Битола.

На 10ти декември во просториите на Меѓународниот Славјански Универзитет “Г.Р. Державин“ битолчани имаа можност да бидат дел од овој нов проект кој несомнено ќе ги поттикне да ја изразат својата граѓанска свест во креативна форма. Преку 20 учесници активно ја проследија дневната агенда за моќта на социјалните медиуми во денешното општество, составена од 3 блока предавања, видео содржини и дискусија. Овие средби замислени во вид на пренос на знаење треба да им послужат на сите учесници да се стекнат со практични алатки кои ќе им помогнат во промоцијата на сопствените идеи. Учесниците ќе имаат на располагање веб платформа на која ќе бидат промовирани нивните креативни дела, е-училница со туторијални видеа од различни области како фотографија, графички дизајн, аудио и видео, како и форум преку кој учесниците ќе бидат во постојана комуникација меѓу себе и со менторите, и на тој начин ќе можат да ги споделат и продлабочат своите искуства и знаења.

Благодарност до Меѓународниот Славјански Универзитет “Г.Р. Державин“ во Битола за целосната поддршка во остварување на сите активности. Битолчани беа одлични домаќини и ги оправдаа нашите очекувања.

Проектот VoiceUp во декември ќе одржи уште 2 еднодневни настани во Св.Николе и Скопје.

Загубена лозинка

Регистрирај се