Скопје

 

Последниот настан за 2016та година проектот VoiceUp го одржа во Скопје, на 22ри декември во Јавна Соба – Центарот за Дизајн и Иновации. Преку 40 учесници беа дел од активностите предвидени за еднодневниот настан кој и овојпат беше активно следен од сите.

Илија Пиперкоски зборуваше за моќта на социјалните медиуми денес – како што и беше насловен овој настан – за можноста која ја има секој од нас преку овие нови и современи алатки да ги изрази сопствените ставови, идеи, мислења, критики. Пиперкоски имаше динамична презентација преку кратки видеа, фото есеј и бројни лични искуства, со цел полесно и поефективно да ја доближи суштината на социјалните медиуми и нивното правилно користење за сопствена промоција. На настанот присуствуваа и професор Ладислав Цветковски, менторот за графички дизјан и Дарко Петровски, менторот за фотографија, кои ги споделија своите видувања за проектот и планираните активности, истовремено поттикнувајќи ги учесниците креативно да делуваат за сите оние нешта кои ги засегаат и се дел од нивното секојдневие.

По двете сесии интерактивни предавања, третата сесија беше предвидена за активна дискусија која и овојпат беше мошне инспиративна и на која се споделија различни ставови за теми од јавен интерес, почнувајќи од загадувањето, културните обележја и нивно зачувување, како и успешни примери за поголема инклузија на лицата со попречен развој.

Со тоа настанот во Скопје беше успешно реализиран и во месеците што претстојат очекуваме оригинални и креативни иницијативи од страна на сите наши учесници.
По празниците, проектот VoiceUp ќе одржи еднодневни средби и во Гостивар и Куманово.

Загубена лозинка

Регистрирај се