Свети Николе

Свети Николе

 

Втората еднодневна средба во вид на пренос на знаење во рамките на проектот VoiceUp се одржа во Свети Николе. Над 40 учесници беа дел од настанот во саботата и беа топло пречекани од тимот на VoiceUp.

Директорката Елена Величковска Николовска го отвори настанот заблагодарувајќи се на соработката со Славјанскиот универзитет и Организацијата на жени на Општина Св.Николе и посакувајќи им добре дојде на учесниците преку краток вовед во самиот проект.

На настанот присуствуваше и генералниот директор на Универзитетот, г. Борче Серафимов и ректорот на Универзитетот, г. Душан Николовски кој исто така ги поздрави учесниците и им посака пријатна работа.

Агендата се состоеше од 3 сесии, од кои 2 беа модерирани од нашиот главен предавач – Илија Пиперкоски. Во текот на сите 3 сесии, се зборуваше за тоа како социјалните медиуми ја променија комуникацијата во светот, за вирални видеа, снимање на документарни филмови, фото есеј, и за тоа како всушност функционираат социјалните мрежи.

Во третата сесија предвидена за дискусија, учесниците ги споделија сопствените ставови и мислења за прашања важни за нив и нивното опкружување како загадувањето на водата, екстремно зголемениот раст на процентот на рак на дојка кај женската популација во градот, недоволниот развој на спорт и спортски активности, а се дебатираше и за локалните настани и прослави со сите позитивни и негативни страни. За жал, овие проблеми се приустни веќе подолго време и сè уште не најдено соодветно решение за истите.

Огромна благодарност до Меѓународниот Славјански Универзитет “Г. Р. Державин“ кој помогна да се организира и одржи овој настан. Истовремено би сакале да изразиме благодарност за големиот интерес покажан од страна на Организацијана на Жени од Општина Свети Николе.

Загубена лозинка

Регистрирај се