Гостивар

 

Во рамките на проектот VoiceUp се одржа уште еден еднодневен настан за пренос на знаења, овој пат во Гостивар. На настанот присуствуваа околу 20 учесници кои со своите мислења придонесоа кон динамичноста на самиот настан.

Настанот и овој пат го водеше нашиот главен предавач, м-р Илија Пиперкоски, кој на доста креативен и инспиративен начин, преку лични пример и примери од светот, ги воведе учесниците во светот на социјалните медиуми.

Учесниците, меѓу другото, имаа можност од прва рака да слушнат и видат како може интернетот и социјалните медиуми да им помогнат на младите и надежни фотографи, режисери, сниматели и сл. да изградат кариера и нивните дела да бидат видени низ целиот свет. На овој настан, тимот на VoiceUp запозна доста креативни млади учесници кои веруваме ќе ни испратат особено интересни и поттикнувачки материјали.

Тимот на VoiceUp би сакал да им се заблагодари на своите соработници што помогнаа успешно да се организира овој настан во Гостивар, како и на присутните за одвоеното време.

Загубена лозинка

Регистрирај се