Куманово

 

Патувачкиот караван на VoiceUp заврши во Куманово. По Битола, Свети Николе, Скопје и Гостивар, Куманово беше последниот град во кој се одржна еднодневна средба во вид на пренос на знаење.

На 4ти февруари во просториите на ПВПУ Еуро Колеџ – Куманово, кумановци имаа можност да бидат дел од овој нов проект кој несомнено ќе ги поттикне да ја изразат својата граѓанска свест во креативна форма. Преку 20 учесници активно ја проследија дневната агенда за моќта на социјалните медиуми во денешното општество, составена од 3 блока предавања, видео содржини и дискусија.

Илија Пиперкоски зборуваше за моќта на социјалните медиуми денес – како што и беше насловен овој настан – за можноста која ја има секој од нас преку овие нови и современи алатки да ги изрази сопствените ставови, идеи, мислења, критики. По двете сесии интерактивни предавања, третата сесија беше предвидена за активна дискусија која и овојпат беше мошне инспиративна и на која се споделија различни ставови за теми од јавен интерес.

Голема благодарност до Еуро Колеџ Куманово и Центарот за Интеркултурен Дијалог (ЦИД) за целосната поддршка во остварување на сите активности. Кумановци беа одлични домаќини и ги оправдаа нашите очекувања.

Со тоа проектот VoiceUp ги заокружи еднодневите средби низ Македонија и во периодот што претстои се очекуваат креативните содржини кои ќе бидат изработени од нашите учесници – војсапџии.

Загубена лозинка

Регистрирај се