Мастерклас

Мастерклас

 

Со цел да им излезе во пресрет на своите учесници , на 8.4.2017 год. во „Јавна соба“, тимот на VoiceUp организираше три мастеркласа.
Младите креативци кои создаваат фотографии, музика и постери, имаа можност и одблиску да се запознаат и да поработат со менторите на VoiceUp, односно Ладислав Цветковски за графички дизајн, Ади Имери за музика и Дарко Петровски за фотографија.
Класовите поминаа во одлична атмосфера, а изработените материјали ќе бидат објавени на нашата веб платформа во најскоро време. Тимот на VoiceUp им се заблагодарува на дечките и девојките кои присуствуваа, а секако и на тимот на „Јавна соба“ што го овозможи одржувањето на овие мастеркласа.
Да потсетиме дека VoiceUp отвори конкурс за фотографии, постери и аудио материјали со општествено-ангажирана содржина. На конкурсот може да учествуваат сите млади креативци кои ќе ги испратат своите креативни решенија на info@voiceup.mk најдоцна до 15.4.2017. Повеќе информации за самиот конкурс ќе најдете на FB страната на VoiceUp. Најдобрите пристигнати материјали ќе бидат промовирани на големите настани на VoiceUp и тоа во Скопје, Битола, Куманово, Св. Николе и Гостивар. Се гледаме на 25-ти!

 

Загубена лозинка

Регистрирај се