Мултимедијален коктел – Final events

Мултимедијален коктел – Final events

Под мотото „Сликни, сними, сподели“ во вторникот на 25 април од 19 до 21 часот, во рамките на проектот VoiceUp, се одржа мултимедијален коктел преку кој ВојсАп заедницата се обиде да ги спои физичкото со виртуелното присуство во пет градови во Македонија преку live stream.

Петте градови кои беа дел од мултимедијалниот коктел се Скопје, Битола, Свети Николе, Гостивар и Куманово, градовите во кои VoiceUp одржа еднодневни средби за пренос на знаење во текот на последните 6 месеци.
На самиот мултимедијален коктел беа презентирани сите содржини кои беа изработени од страна на учесниците кои активно земаа учество на овој проект во последните 6 месеци.
Поставена беше изложба на фотографии, постери и фотоманипулации а изработените видео и аудио содржини беа прикажани на големото платно.

Мултимедијалниот коктел во Скопје се одржа во „Јавна соба“ каде беа присутни учесници од еднодневните средби чии дела беа изложени во склоп на VoiceUp изложбата, претставници од УСАИД Македонија, менторите на VoiceUp, присутни беа и партнерски невладини организации, протагонистите од документарниот филм за Voice Up и останати гости кои имаа можност да се запознаат одблиску со активностите на ВојсАп во изминатиот период.
Атмосферата во „Јавна соба“ беше одлична и сите беа пријатно и позитивно изненадени од  виртуелното спојување со другите градови во Македонија.

Мултимедијалниот коктел во Битола се одржа во „Рокафана“ каде учесниците на проектот VoiceUp имаа шанса да се дружат и да ги погледнат своите фотографии и постери, а исто така и своите изработени видеа на големо платно.

Мултимедијалниот коктел во Свети Николе се одржа во бифето на Славјанскиот Универзитет Г.Р. Державин каде присутните имаа можност да дискутираат за идеите кои ги развивале заедно со VoiceUp и на крај да ги погледнат истите на големото платно и поставената изложба.
Атмосферата во Свети Николе беше релаксирана и сите војсапџиски се забавуваа.

Мултимедијалниот коктел во Гостивар се одржа во The Pub каде посетеноста беше одлична.
Младите креативци од Гостивар ја погледнаа изложбата и документарниот филм за VoiceUp проектот и се забавуваа.

Мултимедијалниот коктел во Куманово се одржа во Bar Cube каде меѓу присутните освен учесници имаше и од оние кои за прв пат се запознаа со VoiceUp и изјавија дека ваков проект е освежување за градот Куманово а и за цела Македонија.

Тимот на VoiceUp им се заблагодарува на сите присутни во петте градови, на сите кои активно земаа учество во рамките на проектот, на сите кои не следеа преку нашата интернет платформа на live stream и на сите локални поддржувачи.

Загубена лозинка

Регистрирај се