За Нас

VoiceUp е проект за поттикнување на граѓанскиот ангажман преку креирање аудио, визуелни и аудиовизуелни содржини на социјалните медиуми.
Истовремено, проектот организира настани во неколку градови во Македонија, каде што учесниците ќе можат да ги прошират своите знаења во врска со создавањето на вакви содржини.
Целта на овој проект е да помогне да се подигне нивото на свест кај младите за моќта којашто може да ја имаат социјалните медиуми, како и за потенцијалната општествена ангажираност што може да се добие преку нивно користење. Истите претставуваат важна платформа за отворање и дискутирање важни прашања од јавен интерес, кои во традиционалните медиуми речиси и да не се појавуваат.

Бидејќи помладите генерации се главните корисници на социјалните медиуми во Македонија, наша целна група се младите во Македонија на возраст од 18 до 35 години како клучни корисници на овој проект.  Сметаме дека тие имаат најголем капацитет да ја разберат моќта којашто може да ја имаат социјалните медиуми, како и потенцијалната општествена ангажираност што може да се добие преку нивното користење.

За да се иницира проектот, учесниците, веќе запознаени со многу концепти околу светот на социјалните медиуми, ќе имаат можност да го продлабочат своето разбирање за улогата што ја игра тој во зајакнувањето на граѓанското општество, како и да научат како можат да остварат што поголема општествена ангажираност.

Конкретните цели на проектот:

Цел 1. Препознавање на придобивките од социјалните медиуми за граѓанското општество.

Цел 2. Откривање на најзначајните прашања во нашето општество.

Цел 3. Продукција на аудио, визуелни и аудиовизуелни содржини за социјалните медиуми, како и документарен филм за проектот.

Цел 4. Поставување на изготвените медиумски содржини на платформи за социјалните медиуми.

Цел 5. Обезбедување алатки за постигнување максимална општествена ангажираност и мерење на нивниот ефект врз општеството преку социјалните медиуми.

Цел 6. Допирање до поширока публика преку вмрежување со други платформи за социјални медиуми и традиционални медиуми.

Загубена лозинка

Регистрирај се